Поврзи се со нас

Гостивар

Не престанува палењето на Русино, екипите ноќеска три часа гаснеле пожар

Објавено

на

Регионалната депонија Русино во близина на Гостивар деновиве честопати гори. Непријатна миризба и чад во градот, особено се чувствуваат во вечерните часови. Пожарникарите и екипи на Комуналец, постојано се на терен, интервенираат и ги гаснат пожарите. Последен пат Русино гореше ноќеска, кога екипите гаснеле околу три часа. Според директорот на претпријатието, Исак Лазами во прашање е намерно палење на отпад и тоа обично во време на празници, како што беше сега за муслиманскиот Рамазан Бајрам.

„Денеска, моментално состојбата е стабилна. На депонија гореше синоќа и нашите екипи гаснеа на терен од полноќ до околу три часот. Која е причината, зошто некој пали отпад во кругот на депонијата, тешко е да се каже. Дали се пиромани, дали сето ова има политичка заднина, да се крене револт кај населението, затоа што најчесто се случува за време на празници, има и такви гласини. Како и да е, ние интервенираме, кога е помал пожар со сопствената механизација, кога е поголем обем и преку ангажирана фирма“, вели Лазами.

Директорот на ЈКП апелира до граѓаните доколку забележат палење на отпад, чад или слично веднаш да пријават во општината или во претпријатието, за да може навремено да се преземат мерки.

Русино е стара рана за гостиварци. Депонијата со децении наназад претставува еколошка бомба, без никакви стандарди и правила за одложување на ѓубрето. За да се надминат овие проблеми, почна реализација на проект од странски донатори, во кој се вклучени сите полошки општини. Менаџирањето со депонијата Русино треба да го преземе регионално претпријатие кое веќе е формирано, но се уште не профункционирало.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 11 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 16 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 17 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 19 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 20 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 22 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена