Здравје и убавина
Некои болки во грбот укажуваат на сериозни проблеми со бубрезите

Штом ќе почнaт болките во грбот, првото нешто на што многумина помислуваат е истегнување мускул или слична повреда на грбот. Сепак, лекарите предупредуваат дека во некои случаи тоа може да бидат проблеми со бубрезите, објави „Инсајдер“ (Insider).
Болката со бубрезите и грбот, се два вида болка што имаат различни причини и начини на лекување. Така, болките во грбот најчесто се предизвикани од надворешно влијание и може лесно да се отстранат, но состојбата со бубрежна болка обично е многу посериозна.
– Болките во бубрезите најчесто се длабоки, прободувачки и предизвикани од воспаление или некои посериозни болести… Тие болки може да се јават во повисоките делови на ‘рбетот, во пределот под ребрата, до ‘рбетот, а може да се почувствуваат и во средишниот дел на стомакот или кај препоните. Сепак, болката во бубрезите обично има и други симптоми, вели д-р Рена Д. Малик.
Меѓу симптомите се и треска, повраќање и гадење, болно мокрење, заматена или темна урина и чести инфекции на уринарниот тракт. За разлика од болката во грбот, што во повеќето случаи поминува сама по себе, болката во бубрезите веројатно нема да помине сѐ додека не се идентификува и лекува основната причина.
Бубрезите го филтрираат отпадот во телото, создаваат урина и лачат хормони што го регулираат произведувањето црвени крвни зрнца. Болката во бубрезите е предизвикана од болести на уринарниот систем. Некои од причините се камен во бубрег, оштетување, уринарна ретенција, везикоуретерален рефлукс и полицистични бубрези. Секоја од овие состојби бара третман, инаку може да се појават посериозни последици, како што е бубрежна инсуфициенција
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?