Поврзи се со нас

Забава

Неколку предлог филмови за уживање во продолжениот викенд

Објавено

на

Доколку немате други планови за продолжениот викенд и ќе останете во домашна атмосфера, може да одморите и да уживате со добри филмови. Еве неколку предлози:

About time (2013) е британска романтична комедија која раскажува за млад човек со способност да патува низ времето и се обидува да го промени своето минато со надеж дека ќе ја подобри иднината. Главните улоги ги играат: Домнал Глисон, Рејчел МекАдамс и Бил Наји, режијата е на Ричард Кертис.

The Hitman’s Bodyguard (2017), акција комедија која сигурно ќе ве држи во неизвесност и возбуда од почеток до крај. Се зборува за најдобриот телохранител на светот кој треба да штити сведок пред Меѓународниот Суд на правдата, којшто пак е платен убиец. Двајцата мора да ги решат несогласувањата и да работат заедно, доколку сакаат навреме да пристигнат на судењето. Главни актери се Рајан Рејнолдс, Семјеул Л.Џексон, Салма Хаек.

Inside Out (2015) За љубителите на анимирани филмови, овој е вистинскиот. Оригинална приказна, многу емоции, одлична анимација. Филмот ја следи внатрешната работа во умот на една млада девојка по име Рајли, додека пет лични емоции управуваат со нејзините мисли и постапки при прилагодувањето на преселување на семејството. Гласовите ги позајмуваат Ејми Полер, Филис Смит, Дајан лејн, Кајл Меклахан.

Official Secret (2019) е британска биографска драма, базирана на случајот на свиркачот Кетрин Ган, која споделувајќи тајни, шокантни информации за нелегална операција за шпионирање на американските и британските разузнавачки служби се обидела да ја спречи американската инвазија врз Ирак. Главната улога ја игра Кјара Најтли.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена