Поврзи се со нас

Македонија

Нема мајмунски сипаници во земјава, внимателно се следи состојбата во светски рамки

Објавено

на

Во земјавата нема мајмунски сипаници. Сомнежите беа расчистени откако синоќа, по четиридневна неизвесност негативен се покажа резултатот од тестот на Кичевецот кој беше суспектен дека е заразен со мајмунски сипаници.

-Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравке од Битола кој што го води здравствениот надзор, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

И Министерството за здравство, синоќа, исто така соопшти дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека резултатот од испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници е негативен.

-Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог.

Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки, наведоа од МЗ.

Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи, кичевецот кој неколку дена одбиваше да биде тестиран, и мигрант хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кој беше негативен на тестот.

Поради тоа што немаше законска можност пациентот од Кичево да биде „присилен“ на тестирање, Комисијата за заразни болести достави предлог до министерот за здравство да се предложи здравствен надзор на ова лице. Тоа овозможи со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и Министерството за внатрешни работи  да биде лоцираат лицето со цел да се тестира.

Претходно, Комисијата препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, како и секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден. Оваа одлука е доставена до Министерството за здравство, со цел да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Според податоците на Светската здравствена организација, во моментов Европа е најпогодена од мајмунските сипаници. На европскиот регион на СЗО отпаѓаат околу 55 проценти од потврдените случаи на мајмунски сипаници во светот само од изминатиот месец, а четири земји во Европа (Шпанија, Обединето Кралство, Германија и Франција), пријавиле 76 отсто од случаите.

Специјалната претставничка на регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа во Северна Македонија, д-р Ане Јохансен во изјава за МИА препорача дека е потребно дури и во земјите кои сè уште немаат пријавено случаи на мајмунски сипаници, органите задолжени за јавното здравје брзо и значително да ги зајакнат националните капацитети за надзор, испитување, дијагностика и пронаоѓање на контактите, сè со цел да се идентификува и следи секој евентуален случај.

Хигиената на рацете и респираторната хигиена, заедно со личната заштитна опрема и соодветната изолација на суспектни и потврдени случаи, се исто така од суштинска важност за намалување на пренесувањето на болеста во самите здравствени установи. Овде станува збор за истите мерки што беа препорачани и се применуваат за КОВИД-19.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 15 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 16 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 18 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 20 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена