Гостивар
Немаат гајле, седнуваат зад волан без возачка – Над 410 казни во Гостивар за седум месеци

Секторот за внатрешни работи Тетово, покрај другите активности, летово презема интензивни мерки и за откривање и санкционирање на лицата кои ги управуваат возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.
Вчера (16 август) на тетовското подрачје биле санкционирани 7 вакви лица, а на гостиварското 1 лице. За седумте месеци од оваа година вкупно евидентирани се 1038 лица на тетовските и 414 на гостиварските простори. Сите биле исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, како и на сопствениците на возилата кои им ги дале на управување, иако знееле дека немаат возачки дозволи, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без претходно да посетувале законски предвидена теоретска и практична обука и без положен возачки испит. Зашто, на тој начин ја доведуваат во прашање, пред се сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, без разлика дали станува збор за патничко, товарно, мотоцикл или друго возило.
Паричните глоби за овој вид сообраќаен прекршок изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден