Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Неверојатен лек за автоимуни болести

Објавено

на

Скоро секој петти жител на било која развиена држава боледува од некоја автоимуна болест. Таквите болести настануваат кога имунолошкиот систем има абнормален одговор на сопствените клетки или ткива, препознавајќи ги погрешно како страни тела при што ги напаѓа, а тоа доведува до воспаленија и оштетувања.

Постојат повеќе од осумдесет автоимуни болести, чија тежина се движи од благи симптоми па се до состојба на животна опасност. Некои од нив воглавно напаѓаат само едно ткиво или орган, додека други можат да влијаат на целиот организам.

Се верува дека во развиените држави има пораст на бројот на заболени од автоимуни болести, бидејќи имунолошкиот систем на современиот човек повеќе не е изложен на широк спектар на инфекции и инфестиции со какви се соочувале минатите генерации.

Од порано е познато дека некои луѓе намерно се заразуваат со паразитски црви во обид својата автоимуна болест да ја стават во фаза на мирување, бидејќи се смета дека цревните паразити имаат способност за смирување на имунолошките реакции, со што си обезбедуваат опстанок во цревата на домаќинот, без напаѓање на одбрамбената моќ на организмот на човекот.

“Може да има доста вистина во ова, бидејќи иако научниците не ги имаат разјаснето во целост причините за автоимуните болести, факт е дека инфестицијата од цревни паразити – црви, глисти и сл. е практично непозната во развиените земји, каде зачестеноста на автоимуните болести е висока, додека во земјите во развој, ситуацијата е спротивна”, вели проф. Рејмонд Нортон од Институтот за фармацевтски науки на Монаш (МИПС).

Во студијата, објавена во списанието FASEB Journal, од паразитските црви, успешно се издвоени пептиди со кои паразитите го потиснуваат имунолошкиот одговор во организмот на домаќинот. Истражувачите веруваат дека тоа откритие ќе го отвори патот за дизајнирање лекови за олеснување или целосно елиминирање на симптомите на автоимуните болести.

Наместо при лекување на автоимуни болести да се користат цели живи глисти, истражувачкиот тим побарал активни компоненти кои се одговорни за имуномодулаторните ефекти. При анализа на песји глисти Ancylostoma caninium, тимот идентификувал пептид, наречен AcK1, кој ги инхибира транспортните калиумови канали Kv1.3 во човечките клетки и така ја смирува имунолошката реакција кај домаќинот.

Со истражување на структурата на пептидот AcK1 е утврдено дека истиот наликува на претходно откриениот пептид (ShK-пептид), за кој е познато дека делува смирувачки на симптомите од автоимуните болести, а моментално поминува клинички испитувања како потенцијален лек за мултиплекс склероза.

Следниот чекор е обид за фармаколошко редизајнирање и формулирање на AcK1 пептид во фармакологијата кој би можел да ја инхибира “инвазијата” на имунолошкиот систем кај луѓе со автоимуни болести.

Или, како што би реков д-р Сандеп Чабра, еден од истражувачите на цревните глисти како потенцијален лек: “Ние се обидуваме да пронајдеме малку похигиенски начин за лекување на автоимуните болести, наместо да внесуваме живи паразити во телото”.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 36 минути

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 1 час

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 4 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 5 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 7 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 8 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 9 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 10 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 1 ден

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена