Гостивар
Нов тендер за третман на кучиња скитници во Гостивар, планирано да се опфатат уште 200 до 300
Периодов зачестија пријавите за напади од кучиња скитници на улиците во Гостивар. Последните беа евидентирани во понеделник, на улиците „Мара Угринова“ и „Беличица“.
Гостивар има два стационара за третман на кучиња скитницни, кои, според кажувањата на првиот човек на општината Арбен Таравари се полни со заловени животни, кои ќе бидат третирани. Локалната власт преку новиот тендер што го отвори ќе избере оператор кој ќе ги вакцинира, кастрира и чипира животните. Планирано е да бидат опфатени од 200 до 300 кучиња.
„Споредено со другите општини, ние сме ретка општина која има два стационари во кои до сега соодветно се третирани 700 кучиња. Еднаш годишно се отвора тендер, затоа сега имаме нов, на кој треба да се избере операторот што ќе ги врши тие услуги, планирани се од 200 до 300 кучиња. Навистина и покрај сите наши напори, на улиците има многу кучиња и се поставува прашањето од каде? Имаме сомнежи и пријави од граѓани дека кучиња се носат во Гостивар со возила од други места. Граѓани јавуваат дека на влезовите во градот се случува да гледаат по 20 кучиња многу често. Ние немаме добра комуникација со полицијата во Гостивар. Особено последните два-три месеци имам впечаток дека организирано се носат и пуштаат кучиња во градот, посебно од општините кои се раководени од ДУИ. Како општина не можеме тоа да го спречиме, но полицијата треба да реагира. “, изјави Таравари.
Од СВР Тетово информираа дека до денес нема пријавен случај, ниту потврдени сознанија дека на подрачјето на Гостивар со возила се носат кучиња од други места.
„Полициските службеници кои секојдневно вршат редовни или акциски контроли во сообраќајот, покрај другото, имаат професионална обврска да го проверуваат и товарот, посебно во товарните возила, евентуално во нив да не се превезуваат кучиња од други места надвор од Полошкиот регион. И доколку се забележат такви случаи истите ќе бидат адекватно санкционирани“, рекоа од полицијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар