Македонија
Нови 56 заболени од голема кашлица во земјава изминатата недела

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од 23 до 29 минатиот месец регистрира 56 нови случаи на голема кашлица во земјава, од кои 54 се во Скопје, а по еден во Струмица и во Дебар.
Заболените се на возраст од 0 до 70 години, а најголем број се од возрасните групи деца од 10- до 14 години.
Од новите 56 случаи, хиспитализрани се три, две деца на возраст под една година и едно од возрасната група од 1 до 4 години.
Заклучно со 29 февруари годинава во државава регистрирани се вкупно 123 случаи на голема кашлица, со инциденца од 6,7/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 109 (88,6%) во девет различни општини, пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар.
Првиот пријавен случај е на 05.01.2024, а само во последните 7 дена се пријавени 56 случаи, два пати повеќе во однос на претходниот неделен период за пријавување. Од вкупниот број на регистрирани 123 случаи, 77 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од заболените, регистрирани се 27 лица со хоспитализација и тоа 22 од нив на возраст до четири години, информира ИЈЗ.
Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос