Македонија
Нови линии – Скопје авионски се поврзува со Бремен и Баден Баден

На скопскиот аеродром се воведуваат две нови авионски линии до германските градови Баден Баден и Бремен. Првиот авион до Баден Баден полета вчера, додека до Бремен првпат ќе се лета денес. Од охридскиот аеродром пак, се воведува линија до Милано, Италија.
“На заедничко задоволство промовираме две нови линии. Скопје – Баден Баден е новата дестинација што ја воспоставува Визер и истата е дел од Договорот за финансиска поддршка. Од Охридскиот аеродорм се воспоставува и линијата Охрид-Милано која исто така е дел од Договорот за финансиска поддршка. Како одговорна Влада, авиосообраќајот е ставен на високо ниво во нашата агенда. Крајната цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај. Верувам дека вака поставените политики ќе ги оправда плановите на Министерството, а тоа се воспоставување на нови дестнациии за граѓаните како и зголемување на бројот на туристи”,изјави при промовирање на новите авио линии, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.
До Баден-Баден, ќе се патува секој вторник и сабота, а во среда и недела ќе има лет до Бремен.
Авиокомпанијата Визер најави дека покрај овие линии, во јули ќе воспостават и летови од Скопје кон Турку (Финска) и кон Ларнака (Кипар).
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?