Македонија
Нови случаи на голема кашлица-43 во Скопје, 3 во Тетово…Во Гостивар нема новозаболени
Од 1 до 7 март во земјава пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 43, а пријавени се случаи во Тетово – три, по еден во Кочани, Кавадарци, Куманово и во Битола, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен синоќа.
Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години.
Возраста на заболените се движи до 40 години, а најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.
„Заклучно со 7 март, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, со инциденца од 9,4/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 151 или 87,3 отсто во дванаесет различни општини, осум се од Тетово, пет живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Кочани. Заболените лица се на возраст од еден месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до четири години, односно 27 случаи или 15,6 проценти припаѓаат на возрасната група под една година, а 22 или 12,7 отсто се деца на возраст од една до четири години, а во возрасната група од 10 до 14 години се пријавени 43 случаи или 24,9 проценти“, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Од вкупниот број регистрирани случаи – 173, 102 случаи или 58,0 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.
Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 11,9 години.
Од заболените, 33 лица се хоспитализирани или 19,0 проценти и тоа 28 или 84,8 отсто од нив на возраст до четири години.
Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација, се истакнува во извештајот на ИЈЗ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ