Поврзи се со нас

Вести

Зошто подароците се ставаат во новогодишен чорап? Еве што вели легендата

Објавено

на

Кај голем број од луѓето постои традиција, подароците за Нова Година да ги ставаат во шарен новогодишен чорап, кој се обесува близу до елката. Всушност, се верува дека подароците таму ги остава Дедо Мраз. Сепак, малкумина се запрашуваат од каде потекнува таа практика. Ќе се обидеме да дадеме одговор на тоа прашање преку една приказна раскажана од старите.

„Многу одамна си живеело едно сиромашно момче кое немало новогодишна елка. Се ближела Нова Година, а момчето било тажно бидејќи знаело дека Дедо Мраз ќе нема каде да му остави подароци. Пред да си легне момчето си ги испрало чорапите и ги ставило да се сушат обесени над огништето. Бидејќи имало само еден пар чорапи, момчето морало да ги пере секоја ноќ пред легнување.

Ноќта дошол Дедо Мраз и се изненадил кога видел дека нема елка. Се запрашал каде да ги остави подароците за момчето, а потоа ги забележал чорапите и решил да ги наполни со подароци.

Следното утро момчето ги пронашло чорапите полни со најубави изненадувања. Пресреќно, побрзало да им каже на своите другарчиња и тие да си стават чорапи на огништата. 

Веста се прочула надалеку, па следната Нова Година многу семејства си ставиле новогодишни чорапи во домовите.

И сè уште многу од нас го прават тоа…“

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена