Поврзи се со нас

Македонија

Објавен повикот за финансиска поддршка на мали производители на вино

Објавено

на

Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска го објави повикот за прибирање на барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50 000 литри.

Крајниот рок за доставување на барањата е 1 април годинава, односно 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.  

-Предмет на овој јавен повик е неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на вино. Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се регистрирани како производители на вино во Регистарот на производители на вино при Министерството, со максимален капацитет на производство до 50 000 литри годишно, наведува МЗШВ.

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600 000 денари по корисник без вклучен ДДВ. Поддршката е наменета за трошоци за набавка на опрема за производство на вино (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90 проценти од висината на вкупната поддршка и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (енолог) во висина до 10 отсто од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Барањето за грант заедно со останатите документи дефинирани во повикот, треба се доставуваат во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на Министерството секој работен ден од 9 до 15 часот. Барањето, деловниот план и изјавата за двојно финансирање, за неповратната финансиска поддршка од Програмата може да се обезбедат преку веб страната на Министерството: www.mzsv.gov.mk.

Право на учество немаат субјектите кои биле корисници на финансиска поддршка и им биле доделени средства од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино од 2022 година.

Минатата година вкупно 59 мали винарии ја искористија оваа мерка и добија грант до 10 000 евра, поддршка со која го модернизираа и развија своето производство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена