Гостивар
Обвинителство предлага продолжување на притворот на осомничените за автобуската несреќа од 13 февруари

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за продолжување на мерката притвор на осомничените лица за трагичната сообраќајна несреќа кај Ласкарци, потврди за Гостиварпрес Јавното обвинителство.
Продолжување на притворот се бара за сопственикот на компанијата Дурмо Турс, раководителот и за возачот на автобусот. За тројцата пак вработени во станицата за технички преглед што ја проверувала исправноста на автобусот е доставен предлог за продолжување на мерката куќен притвор, која претходно им беше определена. За едно лице одговорно за контрола на исправноста на тахографот на сила се претходно определените мерки на претпазливост.
Истражната постапка за автобуската несреќа продолжува со сослушување на сведоци во Основното јавно обвинителство Скопје.
Кобната несреќа со црн биланс од 16 жртви, се случи на автопатот Скопје-Тетово, близу селото Ласкарци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден