Гостивар
Од 20 до 50 евра казни за пешаци во Гостивар кои претрчувале улица

Вчера (20 мај) од 10 до 15 часот, на тетовскотo и гостиварското подрачје била спроведена акциска контрола врска на прекршоците кои ги прават пешаците во сообраќајот. СВР информира дека вкупно биле откриени 92 прекршоци, од кои 76 во Тетово и 16 во Гостивар. За сите прекршители изготвени се соодветни поднесоци и тие ќе се соочаат со парични глоби кои се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до пешаците да ги преминуваат улиците на обележани премини, да ја почитуваат светлосната сигнализација на крстосниците и правилно да се движат таму каде што нема обликувани тротоари. Особено, на родителите на малолетни деца им се советува да водат сметка и да не ги пуштаат децата сами на улица, за да не се изложат на опасност да бидат удрени од некое возило.
На возачите им се укажува да ја намалат брзината пред прешачките премини и секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштат пешаците. Недавањето предност на пешаците, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се санкционира со изготвување на поднесок и со глоба во износ од 200, односно 250 евра во денарска противвредност.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград