Гостивар
Од 3.859 ковид тестирани во земјава изминато деноноќие, 449 позитивни

Во изминатите 24 часа од направени 3.859 тестирања регистрирани се 449 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 317 пациенти, а починати се 12 лица од кои едно починато лице е со датум на смрт од 16 ноември, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новозаразените 195 се од Скопје по што следи Битола со 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Од Скопје се и најголем број оздравени пациенти – 125, по што следи Берово со 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11починати лица од кои четворица се од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Сите лица се починати во болнички услови. Најмладото 33 годишно починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, е пријавено едно починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472 од кои најголемиот дел се од главниот град
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава