Македонија
Од 35 починати ковид пациенти, 13 биле вакцинирани, 34 имале други болести

Нови 2000 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 5.779 тестирања. Од нив, 267 се реинфекции. Починале 23 лица од кои најмладиот на 35 годишна возраст. Дополнително, според Регистарот на умрени лица од Ковид-19 во периодот од 24 декември до 30 јануари пријавени се уште 12 лица.
Од вкупно починатите 35 лица, 13 лица биле целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.
Повеќе од половина од новите случаи се во Скопје – 1096 по што следуваат Битола со 123 и Кавадарци со 108 случаи. Гостивар има 36 новозаразени. Најмалку нови случаи има во Крушево и Македонски Брод по двајца и во Пробиштип и Пехчево по еден нов случај во изминатото деноноќие.
Од починатите во изминатите 24 часа, шестмина се од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по тројца има од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), двајца починати се од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице има од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 806 оздравени лица, покажуваат најновите податоци што ги објави Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 270.897. Оздравени се 247.670 лица, а починале 8.444. Бројот на активни случаи изнесува 14.783.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош