Гостивар
Од денеска забранет превоз со автобуси и комбиња кон и од Тетово
Согласно одлуката на Владата од денес (21 април) се забранува организиран превоз на патници за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово, ккао и сите околни општини во тетовскиот регион.
Исклучок од оваа забрана е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, како и вработените во територијалните противпожарни единици во овие општини.
Превозот со приватни возила не е опфатен со оваа забрана.
Владата за Тетово донесе и мерка за забрана за движење на населението без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл. Оваа мерка ќе започне да важи од од 22 април (среда).
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок