Поврзи се со нас

Гостивар

Од пазарот во Гостивар: Костените се здравје, вели 71 годишниот хаџи Дема од Речане, со семејна традиција на собирање костени

Објавено

на

    На едно од ќошињата пред влезот на градскиот пазар во Гостивар, не може, а да не ги забележите педантно наредените вреќи, од кои ѕиркаат примамливи кафени плодови. Ова богатство од природата го нуди 71 годишниот хаџи Дема од гостиварско Речане, село кое важи за престолнина на костените. Во неговата околина ги има во изобилие, па голем дел од жителите се вклучуваат во бербата. Вредниот и голем муабетчија речанец, припаѓа на семејство кое има долга традиција на собирање костени, и со голема страст зборува за тоа.

    „Речане е прочуено по квалитетен костен и богат род. Собирањето костени е наша долга семејна традиција, го правиме тоа од како знам за себе, а го пренесуваме и на новите генерации. Првиот костен во септември ја наговестува сезоната, која ете се‘ уште трае. Ние секоја година, сите осум члена од семејството одиме на собирање костени, ова е многу драг период од годината за нас. Овде на пазар, потоа јас ги носам да ги продавам.“, вели хаџи Дема.

    Како и сите повозрасни луѓе во регионот и тој го посочува иселувањето како негативна појава, гледајќи ја од својот аспект:

    „Костени има многу и тоа убави, но нема луѓе, слабо купувачи, општо за било што на пазарот. Еве денес е вторник, пазарен ден, а гледате нема гужва, нема луѓе, 80% од тие што ќе ги видите се продавачи. Пред 5 години на пример, во вторниците продававме по 80 килограми костени, сега едвај по 20-тина“.

    Она што го нагласува речанецот е дека костените многу му помагаат во одржување на здравјето. Иако веќе ја згазнал осмата деценија од животот, не боледува од никаква болест, има доволно кондиција и сила да работи и да ужива во животот. „Костенот е корисен од лушпата до плодот. Секое делче може да биде благотворно за човекот. А освен за јадење, се користи и во козметика, за убавина на кожата.“, сподели со нас хаџи Дема, кој освен костени во понудата на пазарот вклучува и лешници, ореви и органски одгледуван лук.

    Цената на костените на пазарот денес се движеше од 80 до 150 денари за килограм.

    Костенот е големо дрво кое може да нарасне до 23 метри и да достигне старост преку 500 години. Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон. Од стеблото на дрвото се изработуваат мебел и огради. Во есенскиот период костеновиот цвет е главен извор на полен и нектар за пчелите. Костеновиот мед е многу лековит, помага при гастритис, го штити црниот дроб и придонесува кон подобра циркулација.

    Плодот на костенот пука во есен кога е зрел. Едно дрво на костен, годишно може да даде и повеќе од 200 килограми плод.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 3 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 8 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 21 час

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 22 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 24 часа

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Македонијапред 1 ден

    Бесплатно летување за деца од социјален ризик и корисници на посебен додаток

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена