Поврзи се со нас

Гостивар

Од петок се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско езеро и Радика

Објавено

на

Од петок, 5 февруари 2021 година, се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и река Радика во Националниот парк Маврово.

Денови кои се дозволени за спортски риболов се:

  • Мавровско Езеро

Од 05.02.2021 година до 01.06.2021 година дозволени денови за риболов се: петок, сабота, недела и државни празници.

Од 01.06.2021 до 31.10.2021 година риболовот ќе биде дозволен секој ден.

За периодот од 01.10.2021 до 31.10.2021 спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден за сите видови риби освен за пастрмка која е во период на природен мрест.

  • Река Радика и притоки

Дозволени денови за риболов од 05.02.2021 година до 30.09.2021 година се: петок, сабота, недела и државни празници.

Ценовник на дозволи за спортски риболов:

  • Дневна риболовна дозвола – 200,00 денари
  • Седумдневна риболовна дозвола – 1000,00 денари
  • Петнаесетдневна риболовна дозвола – 1700,00 денари
  • Годишна риболовна дозвола – 4000,00 денари

Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронски систем на www.npmavrovo.mk во делот за билети или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дозвола преку електронскиот систем мора да имате важечка е-маил адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.

Останува обрвската да поседувате легитимација за спортски риболов со платена членарина за тековната година.

Дозволата која ќе ја купите по електронски пат ќе ја има и во хартиена форма која може да се подигне во Информативниот туристички центар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена