Македонија
Од починати 1.277 лица во два месеци, 207 биле вакцинирани против коронавирус

Од вкупниот број позитивни на Ковид-19 регистрирани во изминативе два месеци, 76 % или 28.856 граѓани не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека 19% од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство.
Како што се наведува во денеска објавената анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, за вакцинирани се сметаат лицата кај кои се аплицирани две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
При тоа во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓани се регистрирaни како позитивни на Ковид 19, од кои 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица.
Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1 277 пациенти со Ковид 19, од кои 1070 пациенти од нив, односно 84 проценти, не биле вакцинирани, а 16 отсто, односно 207, примиле вакцина.
– Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се наведува во соопштението.
Министерството за здравство воедно, укажува на важноста на вакцинација и апелира до граѓаните да се имунизираат.
– Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, наведуваат од Министерството за здравство.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава