fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика ја објави одлуката за новите цени на горивата, која почнува да важи од полноќ. Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35%.

Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 – 69 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 56,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар и ќе чини 45,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,818 денари за килограм и ќе се продава по цена од 35,393 денари за килограм.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!