Локални избори 2022
Од полноќ почнува изборен молк

Денес е последен ден од кампањата за Локалните избори 2022 во Општина Маврово и Ростуше и Општина Центар Жупа, како и изборот на членови на Советот на Општина Тетово.
Вечерва на полноќ настапува изборен молк, кој ќе трае до 19 часот во сабота (20 август). Учесниците во изборите, партии, коалиции изминатите 20 дена имаа можност да ги претстават своите програми пред електоратот и да ја побараат довербата од граѓаните.
За време на молкот, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување, кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и може да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава