Македонија
Од утре дозволена работа на трговските, обложувалниците, авто школите…
Техничкиот премиер Оливер Спасовски попладнево информираше за одлуките за олабавување на рестриктивните мерки кои се донесени на денешната седница на Владата. Од утре се дозволува организирањето семинари, курсеви, конференции, обуки, како и работа на обложувалниците преку шалтер. Се отвораат трговските центри, како и авто школите.
За сите овие дејности треба да се применуваат посебно пропишани протоколи.
„На пример одржување состаноци, седници, обуки, конференции ќе биде во ограничено траење од најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа, со ограничен број на учесници согласно просторт за да има физичко растојание меѓу нив од 1,5 до 2 метри, со задолжително носење заштитна опрема, задолжително користење на средство за дезинфекција. Просторијата треба редовно да се проветрува, а по завршување на настанот да се исчисти и подот да се дезинфицира со средство против вируси. Максималниот број на учесници се ограничува на 30.“, соопшти Спасовски.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди