Вести
Одбележана Неделата на Промоција на хумани вредности во Гостивар
Со посебен настан исполнет со повеќе активности, Клубот на млади при Црвениот Крст – Гостивар ја одбележа ПХВ неделата (Промоција за хумани вредности). Одбележувањето се одржа во малата сала на гостиварскиот Центар за култура каде се собраа волонтерите, активистите и граѓани.
„Пред присутните прикажавме претходно подготвени реклами за промоција на култура, за ПХВ програмата и за активностите на Црвен крст, а исто така се слушна и гласот на младите кои ги прашувавме за изработените проекти во 2017 година во рамки на програмата. На тој начин сакавме да дадеме значење и благодарност за нивниот труд и ангажман“, велат од Црвениот Крст. На настанот, група млади на несекојдневен начин, со пантомима презентираа приказна за различностите и културата со порака за почит и разбирање.
Клубот на млади на Црвен Крст од Гостивар годинава за своето ангажирање, труд, посветеност и голем број спроведени проекти од ПХВ програмата, доби пехар како еден од најуспешните во Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот