Поврзи се со нас

Гостивар

Одбележани 10 години од интронизацијата на владиката г. Јосиф

Објавено

на

Тетовско-гостиварската епархија соопшти дека во Лешочкиот манастир е одбележан десетгодишниот јубилеј од поставувањето на митрополитот г. Јосиф. На чествувањето со пригодно слово се обрати поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан истакнувајќи ги заслугите и постигнувањата на митрополитот Јосиф.

Со свое слово од името на свештенството на Тетовско-гостиварската епархија пред присутните се обрати и секретарот на епархијата.

„Митрополитот Јосиф за нас неговите соработници и свештеници не е само претпоставен и надлежен архиереј, тој пред сè и над сè е човек, кој е достапен во секое време за нас и за сите наши потреби. Тоа е најголемиот дар за еден свештеник – да има во лицето на својот владика – човек, кој е отворен и кој постојано се грижи и ги разбира своите чеда. Тој негов делотворен, искрен, па би го нарекол и пријателски однос се отсликува и во неговите односи со народот. Неговата отвореност за комуникација со секој еден човек најмногу зборува за неговата способност за да ислуша, за да посоветува, па дури и да помогне не само со зборови, туку и со дела. Тоа негово молитвено смирение, трпението и сочуствителност на моменти најмногу сме ја осетиле ние кои сме присутни во оваа просторија. Но, и покрај неговата монашка душа, заради епархиските и пастирските потреби – тој е човек од акција, грижлив архиереј, добар раководител и набљудувач на сите општествени случувања во нашата земја“, порача отец Марјанчо Мадевски, секретар на Тетовско-гостиварската епархија.

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по упокојувањето на митрополитот Кирил во 2013 година, донесе одлука дотогашната Полошко-кумановска епархија да ја подели на два дела на Тетовско-гостиварска епархија и на Кумановско-осоговска епархија.

Само неколку месеци потоа Синодот носи уште една значајна историска одлука и за прв митрополит на новооснованата Тетовско-гостиварска епархија го избира дотогашниот викарен епископ велички г. Јосиф, чие што митрополитско служење започна со денот на неговото востоличување на 3 ноември 2013 година во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена