Гостивар
Одобрени 167 стипендии за учениците од гостиварското медицинско училиште

Министерството за образование одобри 167 стипендии за учениците од дуалните паралелки во средното медицинско училиште во Гостивар. Тие ќе добиваат по 3.500 денари месечно во текот на целото средно образование. Од училиштето информираа дека во учебната 2022/23 година МОН дал одобрение за 7 дуални паралелки со зголемен број на часови по практична настава, врз основа на потпишаните меморандуми со јавните и приватните здравствени установи во општината и соседните општини, поддржани од локалната заедница.
„Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на нашите соработници од ПЗУ и ЈЗУ кои неслучајно се носители на благородна и хумана професија кои тоа и го докажаа. СОМУ – Гостивар е носител на реформата на средното стручно образование во општината, но без нивната поддршка и доверба нема да успеевме да го заживееме образовниот процес заснован на мотото “Учи паметно-Работи стручно”. СОМУ Гостивар предводено од директорот Елбаш Абази, управата, координаторот за УПР Нада Софронијевиќ, наставниците по УПР и сите вработени заедно со нашите ученици и нивните родители од срце им се заблагодаруваме. Искрено се надеваме дека заедно во иднина ќе чекориме и ќе успееме да нашето училиште, нашата општина заедно во соработка сосите јавни и приватни здравствени установи ќе станеме пример за современо успешно образование, ќе обезбедиме квалитетен кадар и нашата општина ќе ја направиме место за подобро живеење.“, наведуваат од медицинско.
Во ова гостиварско средно училиште настава следат околу 1.100 ученици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава