Поврзи се со нас

Гостивар

Одземени 70-тина дозволи во Гостивар поради возење под дејство на алкохол

Објавено

на

Во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешнни работи Тетово, во редовни, засилени или локални контроли, а поради управување под дејство на алкохол, времено биле одземени вкупно 348 возачки дозволи, соопшти полицијата. Од нив 277 во тетовско и 71 во гостиварско. На возачите кои возеле под дејство на алкохол во овој период изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска вредност.

Одземањето на возачките дозволи е за период од три месеци до една година.

Во периодот за кој станува збор, исто така, времено биле одземени и вкупно 218 возила (ТЕ-162 и ГВ-56), најмногу поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, а нешто помалку поради бучавост. На сопствениците на возилата чија регистрација била истечена, изготвени им се поднесоци со парични глоби од 500 евра, а на  оние кои управувале возила со преголема бучавост поднесоци со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена