Поврзи се со нас

Македонија

Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи продолжено

Објавено

на

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука за продолжување на рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 јуни 2023 година.

Со оваа Одлука, највисоката трговска маржа за белиот леб – сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цедено, се утврдува во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите од тврда пченица, македонскиот ориз бел, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајцата од кокошка, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

– Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, која треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува за следните два месеци од оваа година, односно од 30 април до 30 јуни 2023 година, се наведува во соопштението Министерството за економија.

Од Министерството посочуваат дека за времетраење на оваа Одлука, Владата дополнително има донесено и одлуки за определување највисоки цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз, која ќе се применува до 30 април 2023 година, на трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, која ќе се применува до 31 мај 2023 година, на тестенини (макарони и шпагети), која ќе се применува до 31 мај 2023 година, како и на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел) која ќе се применува до 31 мај 2023 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 минути

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 1 час

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 4 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 5 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 6 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена