Вести
Општина Гостивар ќе поттикнува масовно користење на велосипеди и планира јавен превоз со електрични минибуси
Гостиварската локална власт ќе спроведува активности за да ги поттикне граѓаните почесто да користат велосипеди, наместо авотомобили. Градоначалникот Арбен Таравари најави дека наесен во таа насока ќе објават тендер за изработка на истражување, Физибилити студија, а планираат со општински пари да набават и велосипеди за бесплатно користење.
„Една од мерките за заштита на животната средина што како општина ги планираме е промовирање и поттикнување на велосипедизмот. Ќе објавиме тендер за Физибилити студија, која треба да покаже како Гостивар да се организира, за што помасовна употреба на велосипедите. Планираме во наредниот период општината да купи одреден број на велосипеди, коишто граѓаните бесплатно ќе можат да ги користат. Сето тоа е со цел да се намали загадувањето на воздухот“, рече градоначалникот во своето обраќање, на настан кој се одржа во Гостивар во рамки на проектот “Акција-интеграција” на невладината Цивил, во чие средиште се зелените иницијативи.
Таравари рече дека во план е и воведување на јавен превоз со минибуси на електрична енергија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград