Гостивар
Општина Гостивар и интернатот со новогодишна забава ги израдуваа дечињата со посебни потреби
Во средношколскиот интернат во Гостивар денес се организираше предновогодишна забава и ручек за децата со посебни потреби и нивните родители. Во празнична атмосфера, дечињата ги забавуваа маскоти од цртаните филмови и омилениот лик за Новата година, Дедо Мраз. Дружењето го организираа општината и управата на интернатот.
„Преку целата година имаме активности за поддршка на децата со посебни потреби и речиси да нема празник кога не сме со нив. Така сега, се собравме на заеднички ручек по повод новата година, а избравме да бидеме овде, во интернатот, затоа што годинава објектот се реновираше, па има добри услови и убава атмосфера.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Директорката на интернатот, Линдихана Салаи Сулејмани рече дека со големо задоволство ја заокружуваат 2019-та година на овој начин, со хуманитарен настан за децата. „Ова нека биде и една порака да им пружаме секогаш повеќе внимание и љубов на дечињата со посебни потреби“, рече Сулејмани.
Градоначалникот Таравари на дечињата коишто денес беа на заедничкиот предновогодишен ручек и дружба им подари пакетчиња. Децата возвратија со прегратки и честитки со искрени желби за новата година.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди