Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар и во 2020-та ќе дава субвенции за инвертери, буџетот за животна средина е 3,6 милиони денари

Објавено

на

За заштита на животната средина, наредната година во општинскиот буџет на Гостивар предвидени се средства во висина од 3,6 милиони денари. Оваа сума е двојно повисока во однос на овогодинешната. При образложувањето на буџетот на последната седница на Советот, градоначалникот Арбен Таравари истакна дека општината и во 2020-та година ќе доделува субвенции на граѓаните за инвертери и увидела потреба да ги зголеми средствата за таа намена.
„Субвенционирањето за инвертери се прави со цел да ги стимулираме граѓаните да користат енергетски ефикасни уреди за затоплување. Оваа година за прв пат ги воведовме субвенциите и за нив беа издвоени над 1 милион денари. Со оваа мерка ќе продолжиме и во 2020-та, за која година буџетот за заштита на животната средина е значително поголем. Освен за субвенции, средства од овој буџет ќе се искористат и за велосипеди“, рече градоначалникот.
На јавниот оглас за субвенции годинава имаше огромен интерес, а аплицираа граѓани кои купиле инвертер клима уред во периодот од март до октомври месец. На оние кои ги исполнуваат условите, општината им надоместува дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 11 минути

Уапсен судија од Врховен суд поради сомневање за мито

Гостиварпред 1 час

Ноќеска во Добридол лишени од слобода машко и женско лице поради физичка пресметка

Спортпред 2 часа

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Македонијапред 2 часа

Поевтинуваат бензините и дизелот

Гостиварпред 4 часа

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Македонијапред 4 часа

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди и да се засадуваат што повеќе медоносни растенија

Спортпред 5 часа

Заврши сезоната во ПМФЛ – ФК Гостивар шестопласиран

Македонијапред 6 часа

Не ги давајте личните податоци! Лажни СМС пораки во име на Владата за „доделување надоместок“

Гостиварпред 6 часа

Две лица тешко повредени во судир на мотор и автомобил во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена