Поврзи се со нас

Гостивар

Апел: Празниците се време на радости, НЕ возете под дејство на алкохол!

Објавено

на

Во деновите на веселби и прослави, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите за штетното влијание на алкохолот на способноста за управување на моторно возило. Секој возач треба да знае дека управување на моторно возило под дејство на алкохол е опасно и претставува закана за сопствениот живот,  но и за животот и здравјето на останатите  учесници во сообраќајот.

Истражувањата покажуваат дека способностите на возачите за безбедно учество во сообраќајот – идентификување на опасности и закани, предвидување на опасни ситуации, способност за расудување и донесување одлуки, вклучително и способност  за извршување на соодветни дејствија за избегнување на опасни ситуации во сообраќајот, значително  се намалени кога возачот има консумирано алкохол. Затоа, РСБСП укажува дека секој возач треба да биде свесен дека дури и една чаша алкохол ги намалува психофизичките способности за безбедно учество во сообраќајот.

„Околу една четвртина од сообраќајните незгоди со жртви и тешки повреди се поврзани со влијанието на алкохолот. Алкохолот ги намалува возачките вештини, ги нарушува моторните способности, ја намалува визуелната острина, ја искривува сликата за околината и го нарушува слухот. Алкохолот делува како депресант на централниот нервен систем. Тоа  значително  ја нарушува способноста за навремена реакција и рационалното пресудување во одредена ситуација. Затоа, никогаш немојте да консумирате  алкохол кога управувате со возило или доколку веќе консумирате алкохол, немојте да управувате возило. Алкохолот и брзото возење носат смрт и црнила на патиштата!.“, апелираат од советот.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  возачот не смее да управува со возило во сообраќај на пат, ниту да започне да управува со возило, ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол, се смета лице, за кое ќе се утврди дека количината на алкохол во крвта, изнесува повеќе од 0.50 г/кг. Толеранцијата на алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0-‘нула’. Казнените санкции, во зависност од количината на алкохол во крвта, изнесуваат до 375 евра и забрана за управување возило до 12 месеци.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена