Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар: Не се точни тврдењата на Бектеши за штедењето струја

Објавено

на

Општина Гостивар вечерва преку медиумите испратија реакција во која ги оценуваат како неточни и неиздржани тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши за почитување на мерките за заштеда на електрична енергија во министерствата, државните и јавните институции, како и во институциите на локалната самоуправа.

„Општина Гостивар информира дека потрошувачката на електрична енергија за референтните месеци септември 2021 и септември 2022 година, за објектите од администрацијата, јавното осветлување и други објекти кои служат на јавен интерес, е на исто ниво. Значи, воопшто не се точни тврдењата на министерот дека има зголемување и нештедење на струја на ниво од над 90%. Во изминативе месеци се изврши проширување и поставување на јавното осветлување во многу нови населени места во градот и селата, но и покрај проширувањето и новите инвестиции во јавното осветлување, потрошувачката на електрична енергија е на ниво од пред една година. Министерот, очигледно нема потребни информации, бидејќи во уште еден детал на прес-конференцијата на јавноста ѝ сервираше неточни информации. Ги известуваме граѓаните дека државните и локалните институции во РСМ кои се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот во краен случај плаќаат висока цена која има трошок од просечната месечна цена на берзата за струја HUPX + 50%, а не како изјави министерот, просечна месечна цена на енергетската берза HUPX + 20%. Го потсетуваме министерот и Владата дека без разлика што прокламираат и ветуваат, реално и во пракса ништо не почитуваат и не спроведуваат. Истите ветија дека цената за корисниците кои се снабдуваат на пазарот на последна можност ќе се намали на просечна месечна цена на берзата HUPX + 20%, а вистината е дека за месец септември 2022 година клиентите на овој пазар на електрична енергија добија сметки каде просечната месечна цена е од берзата HUPX + 50%. Ова се поткрепени факти, па затоа го повикуваме министерот во иднина да не шири невистини во јавноста“, стои во реакцијата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена