Вести
Општина Гостивар планира 29 нови вработувања годинава
На првата седница на Советот на Гостивар за 2019-та, која е закажана за 24 јануари, на дневен ред ќе се најде Годишниот план за вработување на општината. Како што е наведено во документот, оваа година општина Гостивар планира 29 нови вработувања во различни служби.
Во Планот стои дека моменталната вкупна бројка на вработени изнесува 142, од кои 24 се Македонци, 108 Албанци, 7 Турци и 3 Роми. Од новите вработувања, седум се предвидени за лица од македонска националност, со тоа што две ќе бидат пополнување на позиции на вработени кои годинава ќе се пензионираат (архивар и пожарникар). Осумнаесет работни места ќе се отворат за Албанци, додека четири за припадници на турската заедница.
Во Годишниот план за вработување, општината наведува дека има потреба од нов кадар во Секторите за поддршка на градоначалникот, за правни работи, за финансии, за урбанизам и за јавни дејности како и во Противпожарната единица. За да се реализира Планот, потребно е да биде изгласан од општинскиот Совет.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар