Гостивар
Општина Врапчиште ќе врши дезинсекција против комарци

Општина Врапчиште распиша тендер за фирма која ќе спроведе дезинсекција на територијата на општината. Рокот за пријавување на заинтересираните фирми за прскање против комарци трае до 19 јуни, по што ќе следува постапката за избор на најповолниот понудувач.
Во огласот е наведено дека со дезинсекција ќе биде опфатена површина од вкупно 150 хектари, а ќе се одвива во селата Градец, Сенокосе, Неготино, Добридол, Топлица, Врапчиште и Зубовце, покрај патот на место викано Требеница до излез кај мостот во Градец, депонија кај стадионот во атар на Неготино, реките во Зубовце и Неготино како и каналот во Топлица.
Прскањето против комарци е законска обврска на општините, со цел да се спречи размножување на ларвите, да се намали бројот на комарци и ризикот од појава на болести што ги пренесуваат овие инсекти.
Ризични места кои се сметаат за потенцијални легла, најповолни за развој и размножување на инсектите, опфаќаат локации кадешто има депонии, неисчистени канали, поплавени подрачја и слично.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош