Гостивар
Основци во сообраќајна патрола заедно со гостиварската полиција
Полициски службеници на Отсекот за превенција во координација со Полициско одделение Галате, спроведоа заедничка активност „Сообраќајна патрола“ со учениците во третто и четвртто одделение од Основното училиште „Фаик Коница“ од гостиварско Дебреше. Активноста се организираше на регионалниот пат Гостивар-Врапчиште, во близина на гостиварско Зубовце, а се реализира на барање од ова училиште според предвидената годишна Програма за работа.
Во рамките на оваа активност на учениците практично им беше покажано како професионално и безбедно се спроведува контрола на возила, кои документи треба да ги поседуваат возачите, на што посебно треба да внимаваат доколку во иднина ја изберат полициската професија.
Цел на активноста е подигнување на сообраќајната свест и култура на учениците, информираа од СВР Тетово. Претходно со цел успешно и ефикасно организирање полициски службеници од Отсекот за превенција остварија средба со раководството на Основното училиште „Фаик Коница“, на која беа договорени сите практични поединости.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар