Гостивар
Отворен е тендерот за изградба на Смарт промотивен инфо центар во Гостивар
Центарот за развој на полошкиот плански регион го објави тендерот за набавка и поставување на три паметни Туристички промотивни инфо центри во Гостивар, Маврово и Попова Шапка. Центрите ќе служат за промовирање на природните убавини на овие места, угостителските капацитети, специфичните производи за подрачјата и слично.
При најавата на проектот пролетва, беше речено дека Центарот во Гостивар ќе се постави во централното градско подрачје. Ќе биде со површина од 30 метри квадратни, од кои половината ќе се користат за информирање на туристи и посетители, а останатиот дел за промотивен материјал на локални производи како брошури, летоци.
Трите центри ќе бидат поврзани преку заедничка веб платформа, а соработка ќе се овозможи и со такви инфо центри од Косово и Албанија. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка и општините.
Понудите ќе се прибираат до 30 септември.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград