Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Ова се среќните добитници на наградите од „Купувај и добиј“ на Монтенегро

Извлекувањето на добитниците од „Купувај и добиј“ на Монтенегро, собра голем број на потрошувачи и учесници во Мега маркетот, кои со возбуда и нетрпение го проследија златниот финиш на повеќемесечната голема наградна игра.

На извлекувањето беа доделени: пет велосипеди, пет правосмукалки, пет микробранови печки, пет машини за перење, пет телевизори и секако, главната награда автомобил, Citroen C3.

Најсреќен помеѓу учесниците беше Исмет Џафери кој го доби автомобилот. Исмет не беше присутен на извлекувањето, па водителот Марјан Ѓорѓиевски го извести преку телефон, по што не требаше многу време, среќниот добитник да дојде по клучевите.

Велосипедите заминаа кај: Бојан Стефаноски, Марина Трпеска, Ласан Абдули, Роза Петровска, Владимир Срезоски.

Добитници на машина за перење се: Џеват Зибери, Давор Стојаноски, Даниел Дамјаноски, Рабије Адеми, Ведат Селими.

Микробранови печки добија: Викторија Матејевиќ, Адем Хасипи, Сашо Попоски, Блерим Селмани, Дана Христова.

Со телевизори се израдуваа: Надил Лимани, Светлана Тофилоска, Симона Димитриеска, Златко Димчески, Филип Стојаноски.

Правосмукалки добија: Виктор Наумчески, Лабинот Билали, Ангела Христоски, Александар Исајлоски, Самуил Максимоски.

Наградната игра „Купувај и добиј“ почна на 8 април и траеше до 8 јули, а можност за учество имаа сите потрошувачи на Монтенегро маркетите во Гостивар. Според организаторот во наградната игра учестуваа повеќе од 10.000 купони.

Оваа наградна игра Монтенегро ја организираше со цел да искаже почит и благодарност кон своите лојални потрошувачи за покажаната доверба што компанијата е нивен прв избор веќе 31 година.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!