Поврзи се со нас

Македонија

Парични награди за ученици кои освоиле прво место на државен ученички натпревар

Објавено

на

Ученици од основно образование и нивни ментори  кои освоиле прво место на државен ученички натпревар, организиран од акредитирано здружение на наставници, може да се пријават за исплата на парични награди.

Барањата од ученикот односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на  натпревар на државно ниво во учебна година, според Законот за основното образование, се доставуваат до Министерството за образование и наука најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организиран натпреварот.

Ученикот, заедно со  наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави пријава и други документи кои се наведени во објавата на МОН, каде што покрај пријавата достапни за преземање се и обрасците за изјави од ученикот од наставникот.

Министерството за образование и наука, исто така, објави и повик за покривање трошоци за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар во текот на 2022 година од областа на математиката, информатиката и природните науки.

На јавниот повик може да поднесат барање акредитирани здруженија на наставници за организирање на натпреварите на учениците од основните училишта од страна на Министерството за образование и наука.

-Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат на меѓународниот натпревар, информира МОН.

Министерството за 2022 година ќе ги покрие трошоците за учество (котизација и пат) на еден меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните наука, за најмногу шест ученици и најмногу три ментори, чиј број зависи од правилата на организаторите на меѓународниот натпревар.

Во објавениот повик се наведени документите потребни за аплицирање и начинот и рокот на пријавување.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 8 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 8 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 17 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 24 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена