Поврзи се со нас

Македонија

Договорен раст на пензиите и парична помош за пензионерите

Објавено

на

Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни.

-Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршувањето на средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

-Со воведувањето на оваа методологија и со зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 година имаме историски најголемо покачување на пензиите. Со ова потврдуваме и исполнуваме уште едно од ветувањата дадени на денот кога ја избиравме Владата, а тоа е дека грижата за пензионерите ќе биде нејзин врвен приоритет, истакна Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.

Финансиската поддршка за пензионерите, појасни Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизвикана и од КОВИД-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

-Заради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина, се договоривме Владата да исплати финансиска помош на сите пензионери од по 1.000 денари за три месеци – април, мај и јуни, што треба да помогне во зголемувањето на буџетот на пензионерите, истакна премиерот.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими средствата предвидени за оваа намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но и со ребалансот на буџетот.

-Средствата предвидени за ова намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но, со оглед на тоа дека ова усогласување е исто така во делот на втората половина од годината, дополнително ќе може да се реализира и со ребалансот на буџетот, кој ќе биде во текот на годината, како и секоја година. Исто така и за еднократната помош ќе може да се реализира уште сега како што беше најавено од страна на премиерот, рече Бесими.

Според него, ликвидноста во однос на исплатата на пензиите, без разлика на економската и енеретската криза, во ниту еден случај нема да биде под знак прашалник.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова нагласи дека се задоволни со постигнатото решение, бидејќи како што нагласи, тоа ќе доведе до долгорочно системско решение кое непосредно ќе се применува и нема да зависи од никаков акт на Влада, туку едноставно ќе обезбеди правна сигурност на корисниците на пензија, бидејќи фондот ќе може да ги усогласи пезиите врз основа на податоците што ќе ги добие од Државниот завод за статистика.

Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски по средбата истакна дека прв пат во историјата Владата посвети толку големо внимание на пензионерите и конечно се исполнило нивното барање за промена на методологијата за усогласување на пензиите.

-Со промена на оваа методологија е запазен принципот дека се пензиите се економска, а не социјална категорија и овој принцип на усогласување на пензиите е еден од најповолните принципи во Европа, па и во светот, истакна Николовски.

Првата средба за утврдување на новата медодологија беше одржана во февруари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 10 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 11 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 12 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 14 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 15 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 17 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена