Гостивар
Патот Бунец-Леуново-Ниќифорово околу Мавровско Езеро ќе се прошири и асфалтира
Коловозот на патот околу Мавровското Езеро, од месноста Бунец, преку Леуново до селото Ниќифорово, од сегашните во просек 3,5 метри, ќе се прошири на 6 метри ширина. По делницата ќе биде поставен и нов асфалт.
Реконструкцијата на овој патен правец ја најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
„Проектот за патот, којшто е во должина од 11 километри и со променлива ширина од 3 до 4 метри, се проектираше и ќе се реконструира со ширина од шест метри. Да биде налик на пат, по стандардите. Тоа е многу важен пат за овој регион и може да кажам дека имавме многу барања од граѓаните, патот конечно да се среди“’, изјави Китанов.
Директорот информираше дека следниот месец се планира да биде отворен тендерот, а работите на терен ќе се изведуваат согласно временските услови. Според него, проектот со сигурност целосно би се заокружил напролет.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ