Бизнис
ПЕЛА МЕД Гостивар – Прв дом за нега и грижа на лица по светски стандарди

Неодамна во Гостивар се отвори првиот дом за нега и грижа на лица – Пела Мед, кој е наменски изграден да ги исполнува највисоките светски стандарди во оваа област, со совршени услови и сеопфатна грижа, предводен од професионален тим кој ќе се грижи за вас и заедно ќе создадете моменти на среќа, сигурност и чувство на љубов.
На одлична локација во срцето на градот, во непосредна близина од изворот на реката Вардар и на само неколку километри од преубавите Маврово и Шар Планина. Вистинско место за вас или вашите најблиски.
Новиот модерен и современ дом за грижа и нега на лица нуди беспрекорни услови со сместувачки капацитети комплетно уредени да го направат вашиот престој удобен и пријатен. Сите соби и апартмани се опремени по врвни стандарди, максимално пристапни и приспособени за непречено функционирање.
Покрај современо опремените соби и апартмани, Пела Мед располага и со заеднички простории кои вклучуваат комфорен дневен престој, трпезарија со зедничка кујна и фризерски салон. Во овие простории можете да уживате во сите удобности потребни за среќен и исполнет живот со низа рекреативни и социјални активности, како и одлична храна.
Покрај комплетно опремениот дом, Пела Мед овозможува исклучителен квалитет во грижата и негата за вас. Со одличен стручен тим кој ќе се погрижи за вас и заедно ќе креирате моменти на среќа, сигурност, хармонија и чувство на љубов. Здравствената нега вклучува континуирано следење на здравствената состојба, редовно делење на соодветна терапија, аплицирање на инфузија по препорака од лекар специјалист, мерење на крвен притисок и глукоза.
Пела Мед, дом за грижа и нега на лица, може да обезбеди квалитетен живот, удобност и грижа за секој од вас. За повеќе информации услугите на Пела Мед контактирајте ги на 076 350 132 или посетете ги на улица Мајор Чеде Филиповски бр. 31, Гостивар.
ГАЛЕРИЈА:
(комерцијална објава)
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение