Гостивар
Штом се подобри времето, ќе почне да се градат катните гаражи во Гостивар-велат од ЈП за паркинг

Изградбата на првата од вкупно три предвидени катни гаражи во Гостивар, ќе почне веднаш кога тоа ќе го дозволат временските услови, најавуваат од Јавното претпријатие за паркинг и зеленило. Надлежните велат дека подготвителните работи кои ги опфаќаат административните процедури се завршени и се чека само на погодни временски прилики за отпочнување со работите на терен.
„Годинава ќе почне изградбата на катните гаражи во Гостивар. Предвидени се три. Работите на терен на првата катна гаража ќе започнат многу брзо, односно веднаш штом се подобрат временските услови. Сметаме дека на ваков начин еднаш засекогаш ќе се реши проблемот со немање на доволно паркинг места во градот“, изјави директорот на ЈП за паркинг и зеленило, Беким Челебиу.
Претпријатите актулено располага со 840 паркинг места во зонско паркирање и два паркинзи од затворен тип, што не ги задоволува потребите. Недостигот на паркинг-места во Гостивар е проблем што се провлекува со децении, а кој резултира со создавање на гужви во сообраќајот, особено во централното градско подрачје.
Надлежните се надеваат дека тоа ќе се надмине со изградбата на катните гаражи, кои ќе бидат лоцирани близу болницата, градскиот парк и Кејот на Вардар. Концесионерите, швајцарска и гостиварска фирма, беа избрани лани во септември.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград