Поврзи се со нас

Занимливости

Пет интересни факти за вашите очи

Објавено

на

Сите наши сетила се исклучително важни, а повеќето луѓе сметаат дека видот е на прво место. Како и повеќето наши способности, видот често го земаме “здраво за готово“. Но ако подрзмислиме за тоа за момент, може само да се чудиме и восхитуваме на неверојатниот процес кој се случува за да добиеме конечна слика. Очите се навистина чудесен орган, а еве неколку факти, кои можеби не сте ги знаеле, за нив.

5. Очите ви солзат бидејќи се суви

Солзите играат клучна улога во “редовното одржување на очите“. Солзите се составени од три различни компоненти: вода, слуз и маст. Ако овие 3 компоненти не се во потребната количина, очите може да станат суви. Мозокот одма реагира на оваа промена и создава вишок течност, а како резултат на тоа, очите почнуваат да солзат.

4. Кога ќе остарите, ќе ви требаат очила за читање

Ова се случува скоро кај 99% од луѓето. Во периодот помеѓу 43-та и 50-та година, леќите во нашите очи остаруваат и ја губат моќта на фокусирање. Дури и ако сега имате совршен вид, Огромна е шансата дека видот нема да потрае кога ќе ја преминете педесеттата.

За да ги фокусираме предметите кои се во близина, леќите ја менуваат својата форма, од рамна во сферична, а со годините таа способност, полека почнува да се губи. Веројатно околу 45-та година ќе почнете да ја оддалечувате книгата од очите за подобро да ги фокусирате поситните букви.

3. Конечната слика не ја гледата со очите, туку со мозокот

Функцијата на очите е да ги собере сите потребни информации за објектот што го гледате. Овие информации потоа се праќаат во мозокот, преку оптичкиот (видниот) нерв. Секој оптички нерв во човековото око содржи помеѓу 770.000 и 1,7 милиони нервни влакна.

Дури откако информациите ќе стигнат до мозокот (визуелен кортекс) се анализираат, а вие објектот конечно можете да го “видите“. Секако, ова не значи дека очите не играат клучна улога во “гледањето на објектот“.

2. Секој ден трепнувате околу 15.000 пати

Трепкањето е полу-присилна функција, што значи дека можеме сами да одлучиме кога да трепнеме, но исто така, трепкањето се случува и кога не размислуваме за тоа.

Трепкањето е исклучително важна функција на очите, бидејќи помага во отстранувањето на било какви остатоци на површината на окото, чистејќи ги со свежи солзи. Тие солзи помагаат окото де се нахрани со кислород, а исто така имаат и значајни антибактериски својства. Исто како и брисачите на автомобилот, трепкањето ги отстранува сите нечистотии и ни овозможува да гледаме јасно.

1. Очите, потполно, се развиваат до седма година

Новороденчињата имаа периферен вид (способност да гледаат од страна), па во текот на првите недели од животот, постепено ја развиваат способноста да се фокусираат на предметот или точката пред нив. Кога ќе наполни 1 месец, бебето може да се сконцентрира на објекти оддалечени 3 метри. Како што растеме, нашите очи почнуваат да се усовршуваат и навикнуваат на светот околу нив.

До седма година, нашите очи физиолошки потполно ќе се развијат и подеднакво се ефикасни како и очите на возрасните. Доколку ова не се случи, се развива слабовидност (амблиопија, мрзливо око). Ако мрзливото око се забележи во рана фаза од детството, може да се излечи. Но после седмата година, лекувањето на амболипија се смета за невозможно. Не е редок случај очите да променат бојата во подоцнежните години, но тоа не влијае на квалитетот на видот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена