Гостивар
Пет новозаразени од морбили во Гостивар, вкупната бројка надмина 40

Во периодот од 10 до 16 мај на подрачјето на Гостивар регистрирани се пет нови случаи на мали сипаници – морбили. Вкупната бројка на заразени се искачи на 41.
Во истиот период, на територијата на целата земја, пријавени се вкупно 134 новозаболени, објави Институтот за јавно здравје. Од нив 48 случаи се од Скопје, 25 од Струга, Куманово (23), Тетово (11), Охрид (8), Велес (6), Гостивар (5), Валандово (5), Прилеп, Дебар и Крива Паланка по еден.
Најголемиот број на нив, или 82 се на возраст над 20 години. Според вакциналниот статус, 94 или околу 70% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Трендот на пораст на заболени од мали сипаници се задржува. Поради епидемијата, Владата донесе заклучок во прво одделение да се запишуваат само вакцинирани деца, додека за невакцинираните да се примаат пријавите, но да не се врши нивен упис.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар