Гостивар
Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Дополнителната заменик министерка за финансии, Елена Петрова денес беше во посета на Гостивар, кадешто оствари средба со сметководители за актуелни прашања и теми поврзани со нивното работење.
Како што изјави Петрова, се разговарало за функционирањето на системите при поднесување на даночните пријави до УЈП, прифаќањето на уверенијата за овластени сметководители, цените на услугите и друго.
„Разговаравме во врска со функционирањето на ИТ системите на УЈП, процедурите, администрацијата, врските и соработката со даночната конрола и другите инспекциски служби. Зборувавме и за други прашања поврзани со состојбите во фелата на сметкодовителите, цените и третманот за нивните услуги, нелојаланата конкуренција, прифаќањето на уверенијата и лиценците на овластените сметководители кога тие настапуваат пред институциите и сл. Од аспект на Министерството за финансии и собирањето на буџетските приходи, може да кажам дека сметководителите се една значајна алка, бидејќи тие треба да обезбедат да имаме правилно разбирање и спроведување на даночните закони, навремено пресметување и точно плаќање на даночните обврски, точно известуање во финаниските извештаи на компаниите и обезбедување на статистички податоци за макроекономссите потреби на државата.“, изјави дополнителната заменик министерка за финансии додавајќи: „Во новата Влада што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ сметководителите ќе бидат значајна таргет група со којашто ќе постои кооперативност, заедничка соработка со цел да обезбедиме дека во собирањето на даночните приходи и врската меѓу буџетот и стопанството треба да се заснова на ефикасност, а не на бирократија“.
Петрова во рамки на престојот во Гостивар го посети и подрачното одделение на Управата за имотно правни работи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?