Поврзи се со нас

Гостивар

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Објавено

на

    Во гостиварска Бањица денес повторно се одржа протестен собир на жителите, кои изминатите месеци во повеќе наврати јавно изразуваат револт околу експропријацијата на земјиштето за работите на автопатот од Коридорот 8. Информираа дека пред околу еден месец имале средба со владини функционери, на која им било ветено дека ќе се разгледа нивниот предлог за нова локација за изградба на камп за работниците на автопатот, наместо на нивните ниви и дека повторно ќе ги повикаат на разговор. Истакнаа дека од тогаш не добиле никаков абер и се чувствуваат изиграно.

    „Во Владата се видовме со вице-премиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за патишта Рустем Ејупи. Го кажавме нашиот алтернативен предлог тие бараки-камп за екипите што работа на коридорот да се градат  кај старите касарни наместо на нашите ниви. Таму има површина од околу 330 илјади метри квадратни. Рекоа дека ќе го земат во обзир, бараа да дадеме време 10-тина дена за нашиот предлог, потоа се формираше техничка Влада, но поминаа месец дена, не сакаат да имаат средба, фактички не‘ лажат.“, рече во име на граѓаните, Насир Асипи.

    Од денешниот протест беше најавено радикализирање на чекорите што жителите ќе ги преземаат, доколку не добијат средба во Владата.

    „Ние од понеделник ќе почнеме со интензивна блокада на работата на „Бехтел и Енка“ секој ден, додека не не‘ примат во Влада, да седнеме и разговараме. Не се сериозни сега, а кога бевме таму, беа многу гостопримливи, ја прифатија нашата алтернатива, рекоа ќе се јавиме и ги нема месец дена. Ние веќе си работиме, си ги ораме нивите и ќе продолжиме со орање. Ако треба шатори ќе правиме и тука ќе спиеме, нема да влезе никој, од тука е нашата егзистенција. Решени сме дека не ги даваме нивите за кампови, ете за патот што ќе поминува им кажавме дека не сме против, но за кампови има алтернатива, а не да се уништува плодно земјиште.“, подвлече Асипи.

    Жителите сметаат и дека определената сума за експропријација од 650 денари за метар квадратен земјиште е премала. Реагираа и дека никој од надлежните институции не ги информирал дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку одеднаш почнале да добиваат покани да си подигнуваат решенија за трајно одземање на земјиштето.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена