Гостивар
Фејзи и Ѓурчиновска: Поголема поддршка, обуки и информираност за руралните жени!
Жените од руралните средини се грижат за семејството, децата, домаќинството и извршуваат земјоделски работи, но се‘ уште не се вклучени во донесувањето одлуки и се соочуваат со бројни бариери и предизвици. За да се менуваат нештата кон подобро неопходна е поголема поддршка од институциите и достапност до информации, сметаат нашите соговорнички во емисијата „Минути за секого“, Г‘зиме Фејзи и Живка Ѓурчиновска – жени од гостиварско, претприемачки, активни во невладиниот сектор од областа на еднаквите можности и бизнисот.
„Руралната жена нема доволно информации, знаеме како функционираат институциите, ќе објават за некој грант и толку се пишува. Има многу жени кои се интересираат каде, што, како се организираат обуки, и интернетот си влијае за повеќе пристап до информации. Почна руралната жена по малку да оди напред. Но, по мое уште не е прифатена колку што треба. Нема толку грантови. Секогаш велам: Луѓе треба да ги поддржиме жените, поготово од руралната средина. Македонија колку е голема , колку Рим, ние овде може да живееме само од земјоделие и да успееме, оти ние овде не можеме голема индустрија да направиме за автомобили или авиони, ние мотиката и тракторот и треба на поле..А гледате како е, кој е на нива, па од што ќе живееме. Затоа мислам и самата држава и самото Министерство за земјоделие, за економија да ги зајакнат, да им помогнат на руралните жени, така ќе одиме напред, инаку се‘ ќе изгубиме.“, нагласи Фејзи.
Во иста насока е видувањето и на Ѓурчиновска.
„Треба посолидна поддршка од државата, 120.000 денари еден грант е многу малку, од што да почнеш, од основните работи и толку, ако немаш прилив остануваш на тоа и толку. Јас како индивидуална земјоделка преку Министерство за земјоделие добив грант од 6.000 евра, поддршка на женски член носител на земјоделско стопанство, но за да стигнеш до тие грантови документите се обемни, многу треба трчање, сите тие работи ги вршевме сами, да бараш од министерствата обрасци, договори, документи од Централен регистар. Мене многу ми помогнаа од Агенцијата за поттик и развој на земјоделие, многу ми се најдоа, и тие обуки што ги прават се доста корисни. Зашто една жена како една, сама е тешко да опстане. Но, кога гледаш дека жени од ништо направиле нешто, си велиш, па можам и јас. Така со Г‘зиме во 2010-та година дојдовме до идеја за формирање на Здружението „Моја фарма“, за жени фармери. Првата година претседател ни‘ беше токму Г‘зиме, која што со нејзините успешни идеи и насоки не‘ поттикна да се споиме и здружиме. За мене отсекогаш била жена лидер која успева, без разлика колку има препреки, таа успева да ги помине. Пак, јас си викам, ако може Г‘зиме, зошто да не може Живка. Тоа беше и идејата на Здружението, ако можат Г‘зиме и Живка можат и другите жени.“, подвлече Ѓурчиновска.
Успесите доаѓаат кај оние кои се упорни и силни, порачуваа нашите соговорнички.
„Самите тие препреки, предрасуди те тераат уште повеќе напред, тука е самиот успех на жената, уште појака да бидеш, оти жената не застанува, ќе дојдеш со ѕид и треба да го срушиш.“, кажа Фејзи.
„Кога на жената ќе и‘ се даде пат таа оди напред, оди до крајот-Ако има камења, вода, ќе ги прескокне, ќе ги помести, ќе ги тргне едноставно и ќе продолжи. Жената како личност не се откажува, успешните приказни и идеи треба сите да ги следат“, рече Ѓурчиновска.
ЛИНК до целата емисија
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија