Локални избори 2022
Петровска: Со Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива

Во склоп на предизборната кампања за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Славјанка Петровска, членка на ЦО на СДСМ и министерка за одбрана, денеска се сретна со жителите на Леуново, Никифорово и Маврово.
“Овој крај сите го чувствуваме како свој, без разлика каде живееме. Во Маврово и Ростуше се реализирани над 60 проекти, со кои се решени најголемите проблеми на локалното население, од инфраструктура до пристап до чиста вода за пиење. Оваа општина не смее да се враќа назад, со поддршка за Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива и да стане и светски позната туристичка дестинација”, рече Петровска.
На средбите, жителите се запознаа со новата програма на кандидатот за градоначалник Медат Куртовски во која за Леуново се предвидени нова водоводна линија, во мавровскиот дел, урбанистички планови со што ќе се регулираат градбите, депонија, уредување на пат до месноста Студенче, за Маврово, санација на резервоар за вода во месноста Крстови, санација на локалниот пат, нови резервоари за вода, изградба на велосипедска патека околу езерото, чистење и уредување на диви депонии.
“Месните проекти, општината Маврово и Ростуше ја прават поврзана. Фокусот во новиот мандат останува на целосно решавање на проблемите на граѓаните и на општината. Со нова водоводна линија, со чистење и уредување на дивите депонии, санација и уредување на селските улици, во овој крај ќе се решат главните проблеми на седелците, но и на сите луѓе кои тука имаат свои викенд куќи и голем дел од времето го поминуваат тука”, рече Куртовски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?