Рецепти
Пита со боровинки што вреди да ја направите

Боровинките, омилените на многумина и вкусното пециво со цимет што се топи во устата, е апсолутно неодолива комбинација. Оваа пита со боровинки лесно се прави и сите ја сакаат.
Потребни состојки:
- 200 гр путер
- 400 гр обично брашно (по потреба додадете уште малку)
- 200 гр кафеав шеќер
- 1 лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
- 1 лажичка цимет
- 1 јајце
- 1 лажица грчки јогурт
Фил:
- 500 гр замрзнати или свежи боровинки
- 100 гр кафеав шеќер
- сок од еден лимон
- 2 полни лажици густин
За посипување:
- шеќер во прав
Подготовка: Вклучете ја рерната на 200°C. Во садот се ставаат сувите состојки, па се додаваат јајцето, јогуртот и ладниот путер исечкан на ленти. Замесете тесто, ако е премногу ронливо, додадете уште малку грчки јогурт, ако е многу лепливо додадете уште брашно. Поделете на два дела. Првиот дел завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во замрзнувач 10,15 минути. Вториот дел ставете го во плех од 30х20 см кој претходно го премачкувате со путер, и притиснете го со раце.
Измешајте ги замрзнатите боровинки со шеќерот, сокот од лимон и густинот и премачкајте ги преку тестото – не варете претходно. Вториот дел од тестото извадете го од замрзнувачот и изрендајте го врз боровинките. Печете 35-40 минути, додека не порумени. Се вади од рерна и се лади половина час. Посипете со шеќер во прав и уживајте! Додека е топла питата, можете да ја послужите и со сладолед од ванила.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?